На 10-ти октомври „Паткари“ слават триесет години постоење

- Локални, Спорт
151

Оваа година се навршуваат триесет години од формирањето на навивачката група „Паткари- Струга 1989.“

Се одбележуваат триесет години спортско навивање и подигање на спортската култура и поддршка на сите струшки спортски клубови. Триесет години верност и безрезервна поддршка. Триесет години другарство низ кое поминале многу генерации. Триесет години светла точка во нашиот град.

„Затоа, ве покануваме сите вас, од најмлад до најстар,  сите некогашни и сегашни членови. Сите подгрупи,  заедно да го прославиме роденденот  и да направиме спектакл што ќе се памети со години. “-велат организаторите.

Паткари роденденот ќе го прослават на 10-ти октомври, собирот е закажан за 19:00 часот во Парк на поезија во Струга.

Strugaonline

Facebook Коментари