На 11-ти октомври ќе се одржи најголемата ЖУРКА во Струга!

- Забава, Локални
288

Студио за танц БАХ, го најавува својот годишен концерт „Журка” .

Журка за 25 години Студио за танц БАХ !

„На почеток од 2019 најавивме дека по повод 25-години постоење на нашето студио ќе го развеселиме градот со низа настани,така и направивме.Имавме успешен Моден ден во март,преубава танц парада во април, и за крај следува ЖУРКА…“ – велат од Балетското студио „БАХ“.
Баховки најавуваат интересен танц концерт, кој сигурно ќе ви разбуди убави чувства. Публиката ќе има можност да види деветнаесет нови точки, нови костими, една навистина убава, опуштена ЖУРКА,на која и публиката ќе заигра.

Концертот ќе се одржи на 11-ти октомври со почеток од 19:00 часот. Билетите се пуштени во претпродажба во просториите на Балетското студио „БАХ“ односно во Центар за култура „Браќа Миладиновци“ Струга и можете да ги набавите секој ден од 17:00 часот . Повеќе информации околу билетите можете да добиете и на телефонскиот број 078 447 530.

„БАХ“ дваесет и пет години е поим за уметност, танц и оригиналност. Не го пропуштајте нивниот спектакуларен годишен концерт, има и изненадувања кои ќе ви ги откриеме наскоро!

Strugaonline

 

 

Facebook Коментари