Во организација на џудо клубот „Дрим“ од Струга и „Порака Нова“ – Струга, на 24-ти јуни ќе се одржи Интернационален Џудо натпревар ,,Struga Open 2023.“
– Во рамките на натпреварот ревијално ќе се натпреваруваат и лица со интелектуална попреченост како дел од проектот Judo4All. На настанот очекуваме повеќе од 600 гости, џудисти, тренери од повеќе држави од регионот и Европа, информираат организаторите.
Натпреварот ќе се одржи во Спортскиот центар „Тими“, со почеток во 10:00 часот.
Strugaonline
Facebook Коментари