На фарма во струшко Корошишта пронајдени десет стебла „Канабис Сатива“

- Локални
975

Во текот на вчерашниот ден, во периодот од 17:30 до 19:00 часот, по судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во фарма во сопственост на 52-годишниот К.М. од струшкото село Корошишта, кај местото викано „Вогељ Чешме“, во атарот на селото.

– При претресот, под пластениците биле пронајдени 10 стебла најверојатно од растението „Канабис Сатива“. К.М. бил лишен од слобода, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

Извор: МВР

фото: архива

Facebook Коментари