На јубилејниот „Охрид фест“ ќе се претстават нови и надежни поп-таленти

- Забава, Локални
1231

На  25-тиот јубилеен  меѓународен фестивал ’’Охрид фест-Охридски трубадури“ кој ќе се одржи на 6-7 и 8 септември  ќе настапат преку 80 изведувачи.Фестивалот  покрај македонската телевизија  ќе го пренесуваат уште  седум  балкански телевизии и австралискиот сателитски канал INTV

Подготовките за  фестивалот  се во завршна  фаза. Од денес (понеделник) ,на кејот  од Охридското езеро пред  хотелот ““Нова Ривиера““ почнува монтажата на големата сцена, на озвучувањето и  светлосните  ефекти.

Комплетиран се  списоците на пејачи и песни кои ќе бидат преимерно изведени на Фолк, Поп  и ИНтернационалната вечер  . Во рамките на Поп  вечерта ,додека  жиријата  гласаат, свое  шоу ќе има познатиот бизнисмен Трифун Костовски, голем љубител и подржувач на музиката.Песните од Поп  Фолк вечерта ќе се  најдат на ЦД-еа кои ќе ги  сними “Сенатор“ од Битола

На Поп вечерта поголем простор за афирмација ќе и биде дадена  на новата  млада и надежна генерација пејачи.На програмата се наоѓаат 18  песни кои ќе ги  слушнеме во извдба на    Ѓерѓи Пандо ,.Александар Здравков  ,.Сашко Андриески  Рената Блажевска ,.The G Notes,Анастасија Аврамовска ,Симеон Коруноски ,.Горан Наумовски,.Дует ЧОКИ ,Жармена.Денис Димоски ,.Трио ЏЕНТЛЕМЕНС ,Лени Партикова -,.Огнен Здравковски , Зои Блаж , Пепа Димовска, .Филип Јордановски  и  Лена

Водители на Поп и Интернационалната вечер  ќе бидат  Марјана  Станојковска и Васил Зафирчев

На минатогодишните  Охридски трубадури   првата награда   на стручното жири ја освои мелодијата’ ’Очи зелено сини’’( Горан Милошески )  додека  првата награда на публиката и припадна на песната  ’’Силна’’ која ја исполни Пепа.

Strugaonline

 

Facebook Коментари