На „Ќафасан“ приведено лице од Стоп листата на МВР

- Локални, Хроника
714

На Граничниот премин „Ќафасан“, вчера, околу 12:00 часот, при пасошка контрола, било констатирано дека 33-годишниот Б.С. од Скопје се наоѓа на Стоп листата со активна мерка за приведување и спроведување до Казнено-поправната установа „Затвор – Скопје“, по барање на СМПС Скопје.

Oд МВР информираат дека лицето Б.С. било лишено од слобода и предадено на полициски службеници од Полициската станица од Струга за понатамошна постапка.

извор: МВР

фото: архива

Facebook Коментари