По повод светскиот ден на дијабетичарите , денеска во организација на Здружението на дијабетичари во соработка со Црвен крст Струга, предавање одржа Д-р Мира Костоичиноска. Предавањето имаше едукативна и превентивна цел и се одржи во просториите на Црвен крст-Струга во перод од 10:00 до 11:00 часот.
Потоа, пред хотелот „Београд“ се изврши бесплатно мерење на шеќер во крвта за сите заинтересирани граѓани. Од Црвен крст Струга информираат дека граѓаните покажале голем интерес за предавањето, а над 120 граѓани ја искористиле можноста за бесплатно мерење шеќер во крвта.
Дијабетесот зема се поголем замав и е едно од честите заболувања и на светско ниво, но и во Македонија. Затоа, од исклучително значење е едукацијата во превентивна смисла и во третирање на веќе настанат дијабетес.
Strugaonline
Facebook Коментари