Најголемиот балкански Стенд ап фестивал од 27-ми јули во Охрид

- Забава, Локални
798

Стенд ап Македонија го најавува најголемиот балкански СТЕНД АП ФЕСТИВАЛ со две големи неверојатни журки со урнебесен хумор и одлична жива музика.

Фестивалот ќе се одржи на 27-ми и 28-ми јули на сцената на Долни Сарај во Охрид со почеток во 21:00 часот.

Со своите најнови сетови ќе настапат : Драган Маринковиќ-Маца, Неша Бриџес, Пеѓа Бајовиќ, Срѓан Олман, Срѓан Јовановиќ, Мариана Аранѓеловиќ, Бојан Велевски, Андрија Дабановиќ,
Омер Хоџиќ и Душан Варничиќ, а  стенд ап домаќин ќе биде Сашо Тасевски
„Ова е настан на кој ќе ги видите најдобрите адриа комичари во изминатите десет години на едно место, сега и никогаш повеќе.Помеѓу сетовите во живо ќе не забавува феноменалниот бенд на МАРКО ЛОГАУТ. Настан кој ќе стане традиционален секоја година и ќе го направи Охрид центар на балканскиот хумор. Дојдете во Охрид и поминете си две незаборавни вечери во Долни Сарај, со многу феноменален хумор, луда музика и добра пијачка.“ – порачуваат организаторите.

Strugaonline

Facebook Коментари