Најмладите ракометари од КЛ7-Струга гостуваа на кампот „Кирил Лазаров 7“

- Локални, Спорт
724

Најмалите ракометарчиња од КЛ7 Струга  беа гости на јубилејниот петти камп „Кирил Лазаров 7“. Тие имаа можност да се запознаат и да се дружат со Капитенот и сите учесници.

Во првата смена учествуваат 190 ракометари, а ако се сумираат двете смени, драгоценото искуство да бидат дел од овој камп годинава го имаа 380 деца од тринаесет земји, бидејќи кампот има интернационален карактер. Младите ракометати за време на овој камп , имаа можност да се дружат и да добиваат совети од врвни ракометни имиња како што се Доминик Клајн, Верољуб Косовац  и неколку македонски репрезентативци.

Првата смена на кампот траеше од 19-ти до 25-ти јуни, а втората од 25-ти јуни до денеска.

Strugaonline

Facebook Коментари