Наумче Мојсоски- На струшкиот ракометен турнир годинава играат најдобрите клубови од Македонија

- Локални, Спорт
467

Во студиото на Play radio заедно со претседателот на РК Струга, Наумче Мојсоски, го најавивме почетокот на 48-то издание на Струшкиот ракометен турнир што годинава сосема оправдано го изостави меѓународниот карактер. Традицијата продолжува со домашни квалитетни екипи на отвореното игралише ,,Горан Попоски-Бабец“.

Мојсоски истакна дека тимот на турнирот се заложи долгата традиција да не стивне поради вирусот КОВИД 19 и во поинакви услови, Струга и годинава да биде ракометен центар со домашни квалитетни екипи. Тој потенцираше дека на ваков настан публиката е многу важен фактор и побарал да се дозволи на трибините да има присуство на барем двесте до триста луѓе, но кризниот штаб одлучил трибините сепак да останат празни.

Како претседател на РК Струга, Наумче Мојсоски најави подем на клубот во претстојната сезона, но зборувавме и за струшки ракометари кои играат во други клубови.

– Струга е бисер на ракометот и струшките деца во кој клуб и да играат имаат квалитет и заслужуваат да бидат почитувани. – потенцираше Мојсоски.

Целосното интервју можете да го проследите на следново видео:

Strugaonline

Facebook Коментари