Несекојдневен концерт на Роман Столјар и Јордан Костов вечерва во Струга

- Забава, Локални
791

Нескојдневен концерт на двајца извондредни музичари ќе се одржи вечерва во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга.

Јордан Костов и Роман Столјар се сретнаа во 2016 година во Шангај каде Роман партиципираше во арт резиденцијата во Swatch Art Peace Hotel, а Јордан присуствуваше во истата во 2013. Често настапуваа заедно со Фенг Хао од Шангај во проектите на Јордан ( Paper Killer , Musica Kala , Huangpu Divers ) и други.  Во исто време,  Јордан зеде учество во составот на Shanghai improvise orchestra создаден од Роман. Во октомври 2016 та снимаа современи импровизации кои се најдоа на албумот The Wu Way издаден од кинеската King Gong продукција. Стилот на овие двајца музичари може да се карактеризира како слободен фолк со камерни моменти во кој се забележува влијанието на традиционална и современа композиција.

Јордан Костов – хармоникаш,пијанист, композитор, аранжер и бенд лидер од Македонија. Преку настапите од Балканот присутен е на музичкста сцена во Турција, Јапонија , Кина, Бразил. Неговата авторска музика е изведувана во Европа и Јужна Америка. Како лидер на ансамблите во Шангај : Paper Killer , Musica Kala, Macedonian Reflex Qurtet , Huangpu Divers , во Tokyo Sinagawa divers, Берлинскиот квартет ,, Extravaganza fantasy , квартетот во Париз ,, Sanfona ludo и други обединува различните музички култури.

Концертот ќе започне во 20:00 часот, а влезот е слободен

Strugaonline

Facebook Коментари