Никола Кутаноски и Димитар Јованоски продолжуваат со успеси, зад нив е уште една трка со одлични резултати

- Локални, Спорт
522

Уште една трка со одлични резултати имаа членовите на триатролон клубот ,,3Disciplines“ Димитар Јованоски и Никола Кутаноски.

На отвореното првенство што викендов се одржа во Тирана, Албанија, Јованоски освои второ место во генерален пласман, веднаш зад балканскиот шампион Страхиња Тракиќ од Србија, а во јуниорска конкуренција го освои првото место.

Тренерот Никола Кутаноски се врати на трки после шест месеци откако имаше оперативен зафат, а вели дека оваа сезона комплетно ужива во успесите на Димитар.

,,Трки има секој викенд па така имам можност да ја проверувам формата на Димитар. Внимание посветуваме и на самите тренинзи но и на исхраната. Што се однесува до мене, задоволен сум што успеав да се вратам на натпреварувања , а пред само шест месеци имав операции. Досега никој после шест месеци од оперативен зафат не успеал да се врати на трки, посебно не на триатлон. Оваа сезона уживам во успеасите на Димитар, секој негов резултат за мене е гордост. Димитар е со мене од својата осма година и израсна во вистински шампион за што сум посебно среќен. “ -изјави Кутаноски за Strugaonline.

Следната трка ќе се одржи во Австрија каде Кутаноски оди како тренер на Димитар Јованоски и тренер на триатлон репрезентацијата.

Strugaonline

Facebook Коментари