Ноќ која ќе се памети во Охрид, 20 години група Камелеон

- Забава, Локални
736

Пред повеќе од 500 посетители во комплетно исполнетата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, групата Камелеон  одржа концерт кој долго ќе се памети.

Во еден глас со публиката, членовите на групата и бројните гости ги отсвиреа 17-те песни, кои за оваа пригода добија комплетно нови аранжмани.

– Прекрасна ноќ. Многу убава музика… Пораснавме со нивната музика, беа само дел од коментарите на охриѓани по настапот.

Овој концерт беше круна на неколку месечните подготовки, се` со цел достојно да се одбележи големиот јубилеј – 20 години од постоењето на групата.

Камелеон беа сигурни, точни и прецизни во музицирањето, изградија одличен однос со публиката и сосема го оправдаа слоганот од маркетинг кампањата дека „кога одите на нивна свирка, како да одите на гости кај добри пријатели“. Ѓоко Танески, Жармена и маестралниот Горан Папаз, заедно со градскиот мешан хор „Вокс Лихнидос“ и другите гости направија оваа вечер да биде вистинско уживање за сите посетители.

 

Време е за нови 20 години со Камелеон, исполнети со многу дружба и вистинско музичко уживање… Затоа што знаат што е добра музика и затоа што звучат одлично.

До следните 20 години.

Strugaonline

Facebook Коментари