Објавен e конкурсот за избор на најдобра поема „Григор Прличев“ за 2018 година

- Локални
1315

Н.У Центар за култура „Григор Прличев“ -Охрид  го распиша конкурсот за избор на најдобра поема „Григор Прличев“ за 2018 година.

– Тематската содржина на поемата со која што се конкурира е од слободен карактер, но притоа не смее да биде помала од 912 стихови. Делото треба да е напишано со големина на фонт минимум 11 (единаесет), испечатено еднострано на А4 формат во 4 (четири) еднакви шифрирани примероци. На конкурсот еден автор може да пријави само едно дело, коавторски дела се неприфатливи. Конкурсот е анонимен, а за најдобрата поема предвидена е и парична награда. За изборот односно наградата одлучува три члено жири составено од реномирани автори од подрачјето на Општина Охрид и Република Македонија, стои во објавениот конкурс.

Заинтересираните автори доколку сакаат да учествуваат ќе треба да испратат необјавена поема под шифра, на адресата Центарот за култура улица „Македонски просветители” бр. 4, со назнака – Пријава за избор на најдобра поема „Григор Прличев“  за 2018 година.

Конкурсот е отворен до 16-ти ноември. Комисијата согласно Правилникот за критериумите и постапката за избор на најдобра поема, ќе ги извести авторите што поднеле уредна апликација, за резултатите од изборот.

Strugaonline

Facebook Коментари