Од 15-ти до 19-ти август ќе се одржи традиционалниот Струшки ракометен куп

- Локални, Спорт
808

Од 15-ти до 19 -ти август во  Струга ќе се одржи традиционалниот Струшки куп. Успешни домашни и странски ракометни клубови за време на овие пет денови, Струга ќе ја направат вистински центар на спортските збиднувања.

„Особена чест и задоволство ми е што АМС е главен покровител на овој настан, настан на кој што ќе учествуваат две домашни ракометни екипи и шест странски клубови.

Како АМС континуирано ги поддржуваме активностите и натпреварите од ваков тип каде што се промовира не само Ракометот како спорт туку и убавините што градот Струга ги има.

Со ваквите и низа број други активности , покажуваме дека ракометот е еден од најдобрите и најатрактивните спортови во нашата земја.“ – вели директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски.

Инаку, струшкиот ракометен куп е настан со посебно значење за стружани, посебно затоа што Струга сосема заслужено го носи епитетот „расадник за таленти во ракометот“.

Strugaonline

Facebook Коментари