Oд денеска со „Пајак“ служба ќе се отстрануваат неправилно паркирани возила во Струга

- Локални
2264

Oпштина Струга преку соопштение за јавност ги информираше граѓаните дека од денеска , ЈП „ Еко Струга“ ќе започне со отстранување на неправилно или непрописно запрени или паркирани возила на јавните собраќајни улици на Општина Струга.

„Отстранувањето на возилата ќе го врши ЈП Еко Струга, со пајак служба по налог на службено лице при МВР – собраќајна полиција. Возилата кој што ќе се отсрануват од службениот пајак ќе се пренесуваат на паркингот на ЈП “Комунално“ Струга.“ – информираат од Општина Струга

Трошоците за пајакот изнесуваат:
– 1700 ден (ако пристигнете на местото пред возилото да биде подигнато од службениот пајак)
– 1500 ден за одржување на автомобилот на паркингот на ЈП “Комунално”, вкупен износ 3200 ден.
– плус глобата од страна на МВР.

Примопредавањето на отстранетото возило ќе се врши по извршената наплата на трошоците за отсртанувањето, односно со приложување документ за платени трошоци.

Strugaonline

Facebook Коментари