Одредени се групите за струшкиот ракометен турнир 2020

- Локални, Спорт
556

Нови детали за струшкиот ракометен турнир што годинава ќе се одржи од 12-ти до 16-ти август.

Организаторот  ги одреди групите за првата фаза.

Група А: Вардар, Охрид, Бутел Скопје, Еурофарм Пелистер 2
Група Б: Еурофарм Пелистер, Металург, Прилеп, Струга

Засега е познато дека ќе се играат по три меча дневно во вечерните термини, освен на денот на финалето. Турнирот со долга традиција оваа година го изостави интернационалниот карактер поради епидемијата со ковид 19, затоа силите ќе ги одмерат само домашни екипи.

Strugaonline

фото: архива

 

 

Facebook Коментари