ODW ELEKTRIK вработува ПОМОШНИК СМЕТКОВОДИТЕЛ

- Локални, Маркетинг
1576

Оглас за ПОМОШНИК СМЕТКОВОДИТЕЛ

ODW ELEKTRIK е глобален производител на кабли за автомобилската индустрија, основан во Steinau, Германија. Во моментов располага со свои производни погони во Германија, Унгарија, Украина, Македонија и Мексико и има околу 3.000 вработени.

Како фирма во семејна сопственост на трите оснoвачки семејства, ODW ELEKTRIK обрнува посебно внимание на грижата за своите вработени, со јасно комуницирана политика на унапредување и селекција на раководители од страна на сопствените кадри на компанијата.

ODW ELEKTRIK Македонија е основан во Охрид во 2014 година. Во моментов располага со 9.000 м2 производна површина и околу 650 вработени.

Со цел да ги задоволиме потребите од зголемениот обем на работа, ODW ELEKTRIK вработува  Помошник Сметководител.

Потребни квалификации на кандидатите:

  • Завршено високо образование (Економски факултет), или повеќегодишна пракса
  • Одлично познавање на работа со компјутер (Microsoft Office и Internet)
  • Напредно познавање на пишан и говорен англиски јазик, познавањето на германскиот јазик би била дополнителна предност
  • Со или без работно искуство
  • Искуството во системот SAP ќе се смета за дополнителна предност
  • Способност за подготовка на ДДВ, Личен Доход, Данок на добивка и други извештаи во врска со даночни и неданочни обврски што ги бараат државните институции
  • Способност за пополнување извештаи до Дирекција за статистика
  • Материјална и финансиска сметководствена евиденција
  • Подготовка на плата
  • Способност за планирање, организација и реализација на активности со конкретен рок
  • Логично размислување и аналитичен пристап во работењето, способност за работа под притисок
  • Флексибилност за индивидуално и тимско работење
  • Снаодливост и способност за решавање на проблеми

ODW-ELEKTRIK, освен редовна месечна плата, нуди бесплатен превоз за сите вработени, топол оброк во просториите на фабриката и обезбедува бесплатно приватно здравствено осигурување кое го покрива болничкото лекување во сите приватни болници во Република Македонија до 3.000 Евра годишно по вработен.

Станете дел од тимот на ODW ELEKTRIK!

Кандидатите што ќе ги исполнат очекувањата на ODW ELEKTRIK ги очекува успешна кариера во рамките на ODW ELEKTRIK групацијата, во Македонија или во странство.

Вашата кратка биографија и мотивациско писмо, можете да ги доставите на електронска пошта: [email protected].

Напомена:

Со самото испраќање на кратката биографија, кандидатот се согласува да му биде извршена обработка на личните податоци, согласно Законот за лични податоци.

 

Рок на пријавување до 28.02.2022 година.

Facebook Коментари