ODW-ELEKTRIK вработува работници на производна лента

ODW-ELEKTRIK

Вработува Работници на производна лента …

ВРАБОТУВАЊЕТО НИКОГАШ НЕ БИЛО ПОЛЕСНО

„Приклучете се на најдобриот тим во регионот!“

ОДВ-ЕЛЕКТРИК Македонија

Со цел да го задоволиме зголемениот обем на работа, зголемената побарувачка од купувачите низ целиот свет, потекнати од постојани нови проекти и производи, вработуваме Работници на производна лента.

 Станете дел од нашиот тим и откријте го тоа што е надвор од вашата моментална граница. Вие сте повеќе од вашата биографија, повеќе од вашето образование, повеќе од вашето претходно работно искуство. Ги охрабруваме и сите повозрасни кандидати кои имаат желба за работа.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

Вработувањето никогаш не било полесно, се што треба е да ги исполнувате следниве квалификации:

  • Амбиција, желба за напредок
  • Способност за индивидуална и тимска работа како и способност за работа под притисок
  • Одговорност, посветеност, навремено извршување на работните активности
  • Енергичност, позитивен однос кон работата
  • Самоиницијативност и мотивираност
  • Почитување на правилата во производство
  • Секоја дополнителна квалификација е добредојдена – формално образование, познавање на странски јазик и слично.

КОЈ Е ОДВ-ЕЛЕКТРИК?

Ние сме КУЛТУРА чиј опстанок зависи од континуираниот развој. СРЕДИНА во која постојано се потребни вработени кои имаат амбиција да ги подобрат своите вештини. ВЕТУВАЊЕ дека секој вработен подеднакво може да цели кон врвот и да има успешна кариера.

И се разбира, ТИМ кој на прво место се грижи за своите вработени со јасна политика за унапредување и селекција на раководители од страна на сопствените кадри на компанијата.

ОДВ-ЕЛЕКТРИК е фирма во семејна сопственост на три основачки семејства, глобален производител на кабли за автомобилската индустрија, основан во Steinau, Германија. Во моментов располага со свои производни погони во Германија, Унгарија, Украина, Македонија и Мексико и има околу 3.000 вработени.

ОДВ-ЕЛЕКТРИК Македонија е основан во Охрид во 2014 година. Во моментов располага со 9.000 м2 производна површина и над 800 вработени во ТИРЗ Струга.

Освен редовна месечна плата, нудиме бесплатен превоз за сите вработени, топол оброк во просториите на фабриката и приватно дополнително здравствено осигурување за болнички третман до 10.000 евра годишно по вработен во сите приватни болници во Република Македонија.

КАКО ДА СТАНЕТЕ ДЕЛ ОД ТИМОТ НА ОДВ-ЕЛЕКТРИК?

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат очекувањата на ОДВ-ЕЛЕКТРИК може да достават  кратка биографија и мотивациско писмо на следнава електронска пошта:

[email protected]

Или преку повик на телефонскиот број: 071/353-820

Напомена:

Со самото испраќање на кратката биографија, кандидатот се согласува да му биде извршена обработка на личните податоци, согласно Законот за лични податоци.

Facebook Коментари