Охридско лето почнува соработка со Словенска Филхармонија

- Локални
827

Во рамки на работната посета на Словенија директорката на „Охридско Лето“ Наташа Поповиќ и претседателката на Управниот Одбор на фестивалот Нина Момироска остварија серија средби со уметници и менаџери на врвните културни установи во оваа земја.

Поповиќ имаше официјална посета на „ Словенска Филхармонија“ каде со директорот Клемен Хвала разговараше за модулите на соработка кои нашиот најпрестижен музичко сценски фестивал ќе ги има во рамки на соработката која ќе почне уште од наредното фестивалско издание.

Клемен Хвала е челист и познат и ценет музичар во Словенија.

Претходно директорката Поповиќ го посети музичкото училиште во Словен Градец , кое важи за едно од најдобрите во Словенија.

Во наредниот период менаџментот на „Охридско Лето“ ќе продолжи со директни контакти со врвните установи од културата во овој дел од Европа.

Strugaonline

Facebook Коментари