Околу 115.000 денари се собрани за Бојан на натпреварот што вчера го играше ФК Караорман во Струга

- Локални, Спорт
715

Струга повторно покажа дека е спортски и хуман град. На вчерашниот натпревар помеѓу ФК Караорман и ФК Кожув бевме сведоци на полни трибини се со цел да му се помогне на нашиот сограѓанин, 23-годишниот  Бојан Крстески  кој е во болница во Рим  и му се вршат  испитувања, лекување и подготовка за трансплантација на црн дроб.

Околу 115 000 денари вкупно се собрани од продадените билети за натпреварот, и кутиите за донации кои беа поставени од страна на навивачката група ,,Паткари.“

Денеска собраните средства ќе  бидат уплатени на неговата сметка.

Сите хумани граѓани и понатаму можат да донираат за Бојан на сметката  210-5017597733-70

Strugaonline

Facebook Коментари