Општина Струга постави нова опрема за селекција на електричен(електронски) отпад

- Локални
1960

Oпштина Струга продолжува со низата мерки за ефикасно рециклирање на отпад, денеска беше поставена нова опрема за селекција на електричен(електронски) отпад,. Од Општина Струга истовремено апелираат до граѓаните за искористување на оваа можност преку која како што велат, и директно помагаат за намалување на количеството на отпадот.

Во целост ви го пренесуваме нивното соопштение:

„Општина Струга продолжува со работата за ефикасноста во рециклирање на отпадот во градот Струга.

После поставувањето на опремата за селекција на отпад од стакло , Општина Струга денес постави нова опрема за селекција на електричен(електронски) отпад.

Конкретно , Општина Струга склучи договор со компанијата Елколект, која ќе донира опрема за селекција на електронски отпад која се состои од 2 еко станици ( едната ќе биде поставена на ул. М. Тито , а другата во Црвениот Крст) , канта за селекција во просториите на општината и 8 сета за школите на Општина Струга.

Ваквите решенија ќе продолжат да бидат приоритет за Општина Струга, а од друга страна се обраќаме до сите граѓани да ја искористат ова можност, со што директно помагаат за намалување на количеството на отпадот.“

Извор: Општина Струга/Strugaonline

Фото: Општина Струга

Facebook Коментари