Општина Струга ве поканува на дискусија за пристапувањето на Република Македонија кон Европската Унија и НАТО алијансата

- Локални
735

Во согласност со определбата на Владата на Република Македонија за партнерство со граѓанското општество во процесот на креирање и спроведување политики, Општина Струга ги повикува граѓаните на дискусија за актуелни прашања од посебно значење за напредокот на Република Македонија. Дискусијата ќе се одржи утре,  14.09.2018 год. со почеток во 9.30 часот, во Општина Струга.

„На дискусијата ќе се разговара за пристапувањето на Република Македонија кон Европската Унија и НАТО алијансата, како и за претстојниот референдум кој ќе се одржи на 30 септември 2018 година, а во истата ќе учествува Градоначалникот на Општина Струга. Предвидено е да има по еден претставник од организација.“ – информираат од Општина Струга.

Доколку имате дополнителни прашања, можете да се обратите на маил [email protected] или на телефонскиот број 078/361-364.

Strugaonline

Facebook Коментари