Општина Струга: Во Струга се градат нелегални објекти, граѓаните да пријавуваат вакви случаи

- Локални
806

Oпштина Струга преку соопштение ги известува граѓаните дека на подрачјето на  општината се врши постојана узурпација на јавните површини, изградба на нелегални објекти, поставување гаражи, и слично на зелени површини, тротоари, во дворовите на зградите без одобрение на надлежните органи.

„Се известуваат сите жители на такви дивоградби, односно узурпација на јавна сопственост, со ставање предмети како гаражи, бараки и други подвижни и неподвижни предмети, доброволно да поднесе барање до надлежните органи на општина Струга.“ – стои во соопштението

Општина Струга бара соработка од своите граѓани за пријавување на сите вакви случаи.

Пријавите можат да се достават  на [email protected] , како и на телефонскиот број 046 / 781-223.

Strugaonline

Facebook Коментари