Општина Струга започна со акција за чистење на јавниот простор

- Локални
733

Денеска, во близина на џамијата на магистралниот пат Струга – Ќафасан, Општина Струга започна акција за чистење и израмнување на јавниот простор. Со оваа акција ќе се остранат отпадоците и ќе се израмни и исчисти теренот.

Градоначалникот на Општина г. Рамис Мерко внимателно ја следи работата и вели дека магацините на ЈП “Комунално” – Струга наскоро ќе бидат преместени томку во овој простор, каде што ќе се создадат услови и капацитети за нормално функционирање на ЈП “Комунално“.

Strugaonline

фото: Општина Струга

 

Facebook Коментари