Осум од осум за кадетите на КЛ7 Струга, совладана е екипата на РК Охрид

- Локални, Спорт
605

Кадетите на КЛ7 Струга забележаа многу важна победа откако во борба за првото место, место кое води на финалната завршница во кадетска конкуренција ја совладаа екипата на РК Охрид во неизвесен натпревар со 28:31. Ова беше осма победа за нашите кадети од Струга во осмиот и последен натпревар за 2019 година.

Струшките кл7-кадети одлично го отворија натпреварот со почетно водство од 3:8, но со неколку грешки дозволија противникот, повторно да се врати во игра и да го израмни резултатот на 11:11. На крајот од првиот дел заминавме со само еден погодок предност 13:14.

Вториот дел се играше гол за гол и дури шест пати резултатот беше израмнет. На средината од вториот дел РК Охрид дојде за прв пат до водство од 21:20, но нашите кадетите брзо ја вратија предноста со серија 1:5 и ја одржаа до крајот на натпреварот.

КЛ7 Струга ја презема првата позиција со максимални 24 бодови, три повеќе од РК Охрид.

РК Охрид – КЛ7 Струга 28:31 (13:14)

КЛ7 Струга: Спироски, Мишевски 2, Дуноски 1, Џигероски, Негриески, Христоски 3, Галевски, Шулески 3, Јованоски, Котески, Бочески 1, Костовски 7, Ѓорговски 14, Ѓоргиевски, Мариноски, Тутенкоски

Извор и фото : КЛ7.mk

Facebook Коментари