Осумнаесет годишно момче од Струга повредено од струен удар

- Локални, Хроника
1004

На 8-ми септември 2019 година, во 22:40 часот во Полициската станица во Струга било пријавено дека на улицата „Сергеј Есенин“ од струен удар бил погоден 18-годишниот Е.А. од Струга.

– Тој се допрел со раката до диво поставени метални шипки кои биле под напон, нo истиот одбил да му се изврши лекарски преглед, појаснувајќи дека се чувствува добро и нема потреба од лекарска помош. Од полициски службеници е излезено на местото на настанот и констатирано е дека од страна на 40-годишниот Е.А. од Струга, сопственик на продавница за сувенири има диво поставени метални шипки во земја кои допирале електричен кабел под напон. Од екипа од ЕВН Струга отстранети се металните шипки. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информираат од МВР.

извор: МВР

фото: архива

Facebook Коментари