Ова се имињата на наградените есеисти za 2017-та во Струга

- Локални
1110

Јаков Наумоски од СОУ „Нико Нестор“ е добитник на првата награда  на конкурсот за есеј наменет за млади на возраст од 15-20 години кој беше распишан од страна на Центарот на заедницата на општина Струга. Втората награда отиде во рацете на Ангела Бушеска од ПСУ Јаxja Кемал, а третото место му припадна на Ангел Шекероски од СОУ Нико Нестор.

Есеистите имаа можност да пишуваат на две зададени теми и тоа: „Јас, како активен граѓанин на мојата општина” и „Општина по моја мерка”.

Наградените добија енциклопедии, романи,стручна литература,речници и бестселери.

Есеите беа разгледани и оценети од страна на стручна комисија составена од професори и претставници на Центарот на заедницата на општина Струга, а беа оценувани нивната оригиналност, креативност на мислата, структура и доследност на аргументите како и релевантноста со темата на конкурсот-велат организаторите.

Центарот на заедницата на општина Струга овој конкурс го организираше втора година по ред како дел од стратегијата за млади на општина Струга  и  како дел од своите предвидени активности за 2017 година.

Извор: Strugaonline

Facebook Коментари