„Паткари“ со последен поздрав за Никола Саздовски

- Локални
218

Навивачки групи од повеќе градови низ Македонија му одаваат почит на дваесет и едногодишното момче Никола Саздовски-Саздо, кој десет дена откако беше крвнички претепан, на КАРИЛ им подлегна на повредите и прерано го загуби животот. Почит му оддадоа и  „Паткари“ од Струга.

„Не го знаевме, брат ни беше! Не го знаевме, ама пак болеше! Комита беше, срце даваше! Колега ни беше, ултрас беше! Искрено сочуство до семејството на Саздо!“ – велат „Паткари“

Инаку, за овој случај, во  полицискиот билтен на 30-ти минатиот месец, МВР објави дека претходниот ден на 29-ти во времето од 17:30 до 17:40 часот на автобуската постојка на булевар „Александар Македонски“ од страна на три непознати машки лица (кои излегле од патничко моторно возило „Мерцедес“) физички бил нападнат Н.С.(21) од Скопје.

-По физичкиот напад лицата со возилото го напуштиле местото на настанот. Н.С. со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза”, информираа тогаш од полицијата.

Во врска со нападот кривична пријава беше поднесена против Б.Б.(20), С.Д.(21) и Ј.Љ.(19), сите од Скопје.

Б.Б.(20), С.Д.(21) беа лишени од слобода и одредена им беше мерка притвор.

Strugaonline

Facebook Коментари