„Паткари“ вечерва ќе го прослават триесеттиот роденден

- Локални, Спорт
749

Денеска се навршуваат триесет години од формирањето на навивачката група „Паткари- Струга 1989.“


Се одбележуваат триесет години спортско навивање и подигање на спортската култура и поддршка на сите струшки спортски клубови. Триесет години верност и безрезервна поддршка. Триесет години другарство низ кое поминале многу генерации. Триесет години светла точка во нашиот град.
„Затоа, ве покануваме сите вас, од најмлад до најстар, сите некогашни и сегашни членови. Сите подгрупи, заедно да го прославиме роденденот и да направиме спектакл што ќе се памети со години. “-велат организаторите.
Паткари роденденот ќе го прослават вечерва, собирот е закажан за 19:00 часот во Парк на поезија во Струга.

Strugaonline

Facebook Коментари