Перформансот „Do You Have A Suitable Partner“ на Марија Христовска во Охрид

- Локални
789

На 26-ти октомври во охридскиот Центар за култура, Марија Христовска ќе го изведе својот перформанс „Do You Have A Suitable Partner.“

Архитектот Марија Христовска и ликовниот уметник Ѓорѓе Јовановиќ донираат дел од уметничката инсталација со која учествуваа на музичкиот фестивал Сигет 2017 на Центарот за култура Григор Прличев, Охрид. По тој повод ќе има настан на кој Марија ќе се претстави со свој перформанс, а Ѓорѓе со изложба на слики.
Перформансот „Do you have a suitable partner“  го става на тест партнерството прашувајќи дали на вашиот партнер навистина му одговара вашето заедничко одело.

„Ги паметам зборовите на мојот многу почитуван професор архитектот Живко Попоски, автор на овој Центар на културата:
“Викаат: ова е нашата прва кожа, облеката е нашата втора кожа, а архитектурата е нашата трета кожа. Е сега, постои куќа за двајца. Зошто да не постои одело за двајца!” – вели Марија.

Почетокот е закажан за 20:00 часот.

Strugaonline

Facebook Коментари