Персоналот на Кардиолошки завод и Здравствен дом во хуманитарна и еколошка акција

- Здравје, Локални
223

ЈЗУ Кардиолошки завод од Охрид  со хуманитарна акција под мотото „Моето срце – твоето срце“ ги заврши активностите по повод „Светкиот ден на срцето“.

Хуманитарниот настан се спроведе во соработка со „Алкалоид“ и кафе бар „Објектив“ каде во периодот од 12 до 14 часот посетителите можеа да донираат средства за лекување на деца од семејства под социјален ризик.

Вработените во Кардиолошки завод и Здравствен дом Охрид вчера организираа еко акција во која се чистеше просторот кај месноста Свети Стефан.

Оваа еколошка активност се спроведе во рамките на одбележувањe на Денот на Европска Соработка – European Cooperation Day, ЈЗУ Завод за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања Св.Стефан Охрид во соработка со ЈЗУ Здравствен дом Охрид како партнери во проектот Heart Safe Cities во склоп на Interreg IPA CBC Programme 2014-2020, на 05.10.2018 одржа настан под мото: Здраво срце – чиста околина.

Целта на настанот е претставување на проектот во кој учествуваат заедно со партнери од Грција. Во наредните две години Заводот ќе биде ангажиран во спроведување на низа активности предвидени во проектот.

Strugaonline

Facebook Коментари