Пионерите од Ракометна школа Струга со максимален скор го освоија првото место во групата

- Локални, Спорт
483

Во последниот натпревар од есенскиот дел од пионерската лига,  Ракометната школа Струга оствари гостинска победа во Битола над екипата на Еурофарм Пелистер 2 со резултат 11:23 (8:10)  и со максимален скор го освои првото место во групата.

,,Натпреварот не го отворивме според очекувањата, но како што одминуваше времето го кршевме отпорот на жилавиот противник. На крај рутинска победа за ефект од шест победи на исто толку натпревари. Честитки до сите деца од ракометна Битола и Струга.,, -велат од РШ Струга Динг 2021

Strugaonline

 

Facebook Коментари