Пионерките на „Стружанка“ убедливо славеа на гости во Битола

- Локални, Спорт
890

Пионерките на „Стружанка“  на гостувањето во Битола против „Феникс АМС“  славеа со 9:26 (полувреме 4:12). Нашите ракометарки ја имаа контролата на играта во текот на целиот меч па уште од самиот старт набрзина поведоа со 2:5, за на полувреме да заминат со високо водство од 4:12. Во вториот дел продолжи сигурната игра на нашиот тим и на крај славеа со високи 9:26. Голманките имаа одличен ден и имаа фантастични одбрани во текот на целиот меч.

Стрелци во тимот на Стружанка беа:

Дукоска Теодора – 8

Затуроска Бојана – 7

Голабоска Марија – 4

Переска Тијана – 3

Јоноска Милица – 2

Ѓерѓеска Георгина – 1

Ѓоршулеска Роберта – 1

Извор и фото: РК Стружанка

Strugaonline

Facebook Коментари