Play radio го слави својот осми роденден – остануваме ваш најдобар пријател во етерот

- Локални
1352

На 2-ти јуни 2010 година, Плеј радио започна да зрачи во македонскиот етер. Со скромни но квалитетни чекори се градеше тимот кој и ден денес го разубавува секојдневието на редовните слушатели чии позитивни критики се мотив да бидеме се’ подобри.

Имајќи ги во предвид различните музички вкусови, се трудиме сите да бидат задоволни. Затоа имаме богата музичка програма која вклучува многу предизвици и емисии од најразличен карактер.

Утрото го започнуваме со Play cafe, емисија во која квалитетно го започнуваме денот со информации од областа на здравјето, музиката, културата, спортот и секако локалните настани кои се во преден план се’ со цел слушателите да бидат информирани за сите настани кои се случуваат во овој регион. Во Play cafe негуваме  позитивни вредности и предизвикуваме многу насмевки.

За насмевките да останат на лицата на слушателите, секој ден од 16:00 до 18:00 часот е задолжен Бато Деко со емисијата „Не спомви имиња“. Емисијата неодамна прослави две години од своето постоење и како таква најде посебно место кај слушателите. Под мотот „Талентот последен умира“ продолжуваме и понатаму во духот на хуморот затоа што смеењето го продолжува животот.

Емисијата „Кавервил“ со Драган Б. Костиќ исто така го најде патот до слушателите и се создаде редовност и позитивна рутина во нејзиното емитувањето. Ја следите секој работен ден од 18:00 до 19:00 часот.

Составен дел од нашата програма, за викендот да ви биде исполнет со најдобрите хитови, до сега се емитувани 300 изданија на Play top 20, топ листа на која креатори сте токму вие – нашите редовни слушатели. Оваа топ листа ја слушате секоја сабота од 14:00 до 16:00 часот.

Во изминативе осум години останавме верни почитувачи и на македонската музика. Листата на најдобрите македонски хитови „Мак топ 5“ стигна до своето 281 издание. Терминот за оваа топ листа е сабота од 11 до 12 часот.

Популарни странски радиски шоуа редовно следите за викенд на нашата фрекфенција. Во петок во период од 21:30 до 23:00 часот на 90.4FM  се емитува  Metropolitan Groove Radio show, Jamie Lewis Purple music radio show се емитува секој петок во терминот од 23:00 до 01:00.

Саботните ноќи се резервирани за Flow radio show од 20:00 до 21:00 часот и Defected in the house radio show од 21:00 до 22:00 часот.

И понатаму ќе останеме ваши најверни пријатели во етерот.

StrugaOnline

Facebook Коментари