Пливачите од ,,3Дисциплини“ освоија 47 медали на ,,Охрид Опен 2024“

- Локални, Спорт
506

Во конкуренција од 25 клубови од земјава и странство, Пливачкиот и триатлон клуб ,,3Дисциплини“ од Струга е прогласен за клуб со најмногу освоени медали на четвртиот Меѓународен пливачки митинг ,,Охрид Опен 2024“. Струшките пливачи освоија вкупно 47 медали и во Струга се вратија презадоволни од своите резултати.

-47 медали е навистина многу голема бројка, ние епитетот ,,најдобри” не си го припишуваме сами, доказ за тоа се нашите резултати. Сето ова е плод на посветена работа, дисциплина, упорност и професионалност. Можам да бидам бескрајно горд и среќен на моите пливачи, на секое дете посебно. Кога има толку посветеност во работата, резултатите се секогаш тука-ијзави за Strugaonline трнерот Никола Кутаноски.

Ден после овој пливачки митинг,  дел од тимот на ,,3Дисциплини“ настапи на трка во Косово каде учесниците се натпреваруваа во една категорија-спринт триатлон.

-Нашите најдобри триатлонци од кадетска, јуниорска и сениорска категорија ги освоија четвртото и петтото место во женска категорија и шестото и деветто место во машка категорија-информираше Кутаноски.

Strugaonline

Facebook Коментари