Пливачкиот и триаткон клуб 3Дисциплини врши упис на нови членови, а со тренинзи започнува и со веќе постоечките членови. Затворениот пливачки базен во Струга што официјално беше отворен денеска, предизвика посебна радост кај тимот и членовите на овој клуб, кои досега, како што велат, со импровизации и снаоѓање изградија репрезентативци и пливачки шампиони.

,,Изминативе шест години сами создававме услови, кои реално ги немавме, импровизиравме, се снаоѓавме, а успеавме да создадеме репрезентативци, шампиони, стипендисти и професионални спортисти, дел од нив сега се во странство. Можете да замислите што за нас сега значи отворањето на градскиот базен. Веќе нема импровизации, сега имаме услови, а наше е само да продолжиме по вистинскиот пат, а тоа е напорна работа преку која ја изразуваме љубовта кон спортот.“-вели тренерот Никола Кутаноски.

Тој додава дека на веќе одржан состанок со управителот на базенот, е одредена цена за користење на базен за по дете. Почетниците ќе тренираат три пати неделно, по самото совладување на пливањето се префрлаат во напредни групи со тренинзи од секој работен ден.

Сите детални информации за уписите можете да ги добиете на телефонскиот број 072225032.
Strugaonline
Facebook Коментари