Пливачкиот и триатлон клуб ,,3Дисциплини“ стана официјален член на Националната пливачка федерација

- Локални, Спорт
218
На последното собрание на Националната пливачка федерација, одржано во Скопје, струшкиот пливачки и триатлон клуб ,,3Дисциплини“ е избран за официјален член.
-Упатуваме благодарност до пливачката федерација за укажаната доверба и вреднувањето на нашата досегашна работа. На овој начин ќе излезат многу олимпијади.“-велат од ,,3Дисциплини“.
Додаваат дека  со оваа одлука на пливачката федерација, се вреднува секој резултат на децата на државните првенства, а со тоа се добива можност  за добивање пливачки стипендии.
Strugaonline

Facebook Коментари