По пад од дрво почина жител на Подгорци

- Локални, Хроника
739

На 30-ти септември 2020 година, околу 11:10 часот во Полициската станица во Струга било пријавено дека во атарот на струшкото село Подгорци, бил пронајден починат 63-годишниот Р.А. од истото село.

-Полициски службеници излегле на местото на настанот, а од лекар на Итна медицинска помош било констатирано дека починал по пад од дрво, без траги од насилство. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството, информираат од СВР Охрид.

извор: СВР Охрид

фото: архива

Facebook Коментари