На 06.08.2024 во 22.43 часот во ОВР Струга е пријавено дека на Детското одделение во Општата болница во Струга од родителите било донесено четиримесечно машко бебе од струшко село без знаци на живот.
-Според пријавеното, тие претходно повикале екипа од Итната медицинска помош – Струга, кои во семејниот дом извршиле реанимација, по што бебето го пренеле во болницата, каде била констатирана смрт- соопшти СВР Охрид.
Оттаму додаваат дека по наредба на јавен обвинител, врз телото ќе биде извршена обдукција.
Извор: СВР Охрид
фото: архива
Facebook Коментари