Попладневен концерт на Владимир Четкар во сабота во Охрид

- Забава, Локални
477

Во сабота, 11.01 на градскиот плоштад во Охрид, охриѓани и туристите ќе имаат можност да уживаат во попладневен концерт Владимир Василевски-Четкар. Концертот ќе започне во 13:00 часот, а Четкар ќе биде придружуван од Џез/Соул/Фанк ансамбл. Концертот ќе се одржи во рамките на програмата ‘Охрид ве Очекува’ во организација на Општина Охрид. Во рамките на истата програма,  на 18-ти јануари концерт ќе одржи најпопуларната музичка ѕвезда од Хрватска, Петар Грашо, а на 20-ти јануари, по повод  „Ден на рибарите“ на градскиот плоштад во Охрид ќе настапи Миле Кузманоски.

Strugaonline

 

Facebook Коментари