После 15 години РК Струга е во Супер-лига!

- Локални, Спорт
1844

РК Струга сосема заслужено го доби своето место во Супер-лигата откако вечерва убедливо ја совлада екипата на Металург 2 со резултат 24:32.

Силната мотивација, цврстата одбрана и доминантната игра РК Струга го однесоа во Супер-лигата после цели 15 години.

Иако на неутрален терен, нашите ракометари како да играа дома благодарение на бројната публика од Струга која ги поддржа во Кавадарци.

За ракометарите и за љубителите на ракометот од нашиот град влезот во Супер лигата беше многу посакуван. Остварената цел донесе голема радост.

Strugaonline

 

 

Facebook Коментари