Со натпреварот помеѓу домаќинот Струга и тимот на Еурофарм Пелистер на 14-ти август во 18и30 часот ќе започне 52-то издание на Меѓународниот ракометен турнир ,,Струга 2024“.
Церемонијата на свеченото отварање е закажана за 19 часот и 55 минути, а потоа ќе следува натпреварот помеѓу екипите на Вардар и Тиквеш.
Според објавениот распоред, на вториот ракометен ден, во терминот од 18 и 30 Струга ќе се соочи со грчки ПАОК додека во 20:40 Тиквеш ќе игра со Екскилстуна Гуиф.
На 16-ти август во 18и30 ќе се соочат Вардар и Екскилстуна Гуиф, а во терминот од 20 и40 ќе играат Еурофарм Пелистер и Паок.
На 17-ти август во 10 и 30 часот ќе се игра мечот за петто место. Натпреварот за трето место е закажан за 18 и30, а големото финале ќе се игра во 20и 30 часот.
Бранител на титулата е екипата на Вардар.
Strugaonline
фото: архива
Facebook Коментари