Познатиот музичар Никола Тони го најавува новиот сингл ,,Никола Тони- I love you 2 Times ( Original Mix)“

- Локални, Музика
714

Познатиот тапанар, музички селектор и DJ, Никола Тони,  ја најавува промоцијата на својот нов проект . Станува збор за нов сингл насловен како Никола Тони- I love you 2 Times ( Original Mix) кој е во оригинално издание и ги содржи сите авторски права.

,, Проектот е работен четири години, беше во стагнација па одлучив да го активирам минатата 2020 година за наскоро да ја доживее светлината на денот заедно со видео спот кој е во процес на изработка. Инспирацијата за овој сингл доаѓа од времето кога работев со мојот авторски бенд ,,Дамар“ во 1995 година. Тогаш направив комбинација од електронска, поп и рок музика. “ –вели Никола Тони за Strugaonline.

Спотот за оваа песна ќе биде изведен во живо каде Никола Тони ќе тропа тапани и перкусии во живо и ќе биде снимен со најнова аудио-визуелна технологија. Проектот е поддржан од Димче и Жармена Китрозоски, а снимен е во Китроз Студио.

Очекувајќи го видео –записот, песната можете да ја слушнете на следниов ЛИНК

Strugaonline

Facebook Коментари