Познатиот струшки ракометен турнир ќе се одржи од 12-ти до 15-ти август, ова се учесниците

- Локални, Спорт
1055
Oд 12-ти до 15-ти август во Струга ќе се одржи 49-то издание на традиционалниот Меѓународен ракометен турнир ,,Струга 2021“.
Традицијата продолжува и во време на пандемија, но поради претпазливост и годинава ќе биде изоставен меѓународниот сегмент, па на турнирот ќе настапат само домашни екипи.
За престижната титула победник на овој светски познат турнир годинава ќе се борат РК Вардар од Скопје, РК Металург од Скопје, РК Струга од Струга, РК Еурофарм Пелистер од Битола , РК Бутел од Скопје и ГРК Тиквеш од Кавадарци.
Натпреварите ќе се играат на ракометното игралиште ,,Горан  Попоски-Бабец“.
Strugaonline

Facebook Коментари