Предавање по повод денот на дијабетичари и бесплатно мерење на шеќер во Струга

- Локални
826

На ден  14-ти ноември (вторник) по повод Светскиот ден на дијабетичарите во просториите на Црвен крст – Струга предавање ќе одржи Д-р Мира Костојчиноска. Предавањето ќе се одвива во периодот од 11:00 до 12:00 часот.  Веднаш потоа, на плоштадот кај хотел Београд во соработка со Црвен Крст ќе се врши бесплатно мерење на шеќер во крвта. Од Црвен крст Струга ги повикуваат граѓаните на масовно присуство на предавањето, за поголема едукација на населението кога станува збор за дијабетесот, како и да ја искористат можноста за бесплатно мерење на шеќер во крвта.

Strugaonline

Facebook Коментари