Премиера на претставата „Дедо Мраз и куклата на Матеа“ во недела пред струшката публика

- Локални
297

Во недела, (30-ти декамври), во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ Струга со почеток во 18:00, членовите на драмското студио „Миладин“ премиерно ќе ја одиграат театарската претстава „Дедо Мраз и куклата на Матеа“.

Бидете дел од публиката за да ја запознаете дружината на Дедо Мраз и Матеа која не испратила нарачка за подарок до Дедо Мраз, но затоа нејзиниот брат ќе направи се’ за да стапи во контакт со дружината на Дедо Мраз и за неа да нарача голема кукла. Дали Матеа ќе го доби подарокот што не успеала да го нарача сама ќе дознаете доколку ја проследите претставата.

Билетите за премиерата на претставата „Дедо Мраз и куклата на Матеа“  ќе можете да ги набавите по симболична цена од 80 денари.

Strugaonline

Facebook Коментари