Препознатливиот трговски ланец „Топ Маркет“ наскоро и во Струга

- Локални, Маркетинг
1211

Трговската понуда во Струга, наскоро квалитативно ќе биде збогатена со познатиот бренд „Топ Маркет“ на компанијата „Семафор Комерц Р“, која 32 години успешно работи на пазарот во регионот.

Новиот „Топ Маркет“, прв од ланецот во Струга, ќе биде отворен на ексклузивна локација на улица „Партизанска“, во сините згради, на влезот од поранешна „Стружанка“, на крај од месец мај или почеток на јуни.

Заштитен знак на „Топ“ маркетите се исклучителната и разновидна понуда на производи за широка потрошувачка, според највисоките стандарди за квалитет и безбедност, вклучително и Халал, свежо печен леб и топли печива во секое време, свежо спакувано месо и морска риба, свежо овошје и зеленчук, како и големи избор на вина и пијалаци, детски играчки, храна за миленици…

Освен богатата понуда, купувачите во новиот „Топ Маркет“ ги очекуваат акции и промоции, а ќе може да остваруват и дополнителна вредност пазарејќи со „Cashback“ картички или мобилна апликација која нуди бенефиции и поврат на пари при секое купување, како што тоа го прават 15 милиони потрошувачи во над 50 земји во светот кои се дел од оваа глобална мрежа.

Новиот „Топ Маркет“ во Струга, ќе отвори и нови работни места во градот. Компанијата распиша оглас за прием на работници и работнички, а заинтересираните повеќе информации можат да најдат на следниот линк.

Facebook Коментари