Претставата „Стаклена менажерија“ во сабота пред охридската публика

- Локални
635

Во сабота (20-ти октомври) со почеток во 20:00 актерската екипа од Народен театар Охрид пред публиката  ќе ја одигра претставата  „Стаклена менажерија“ од Тенеси Вилијамс,а во режија на Софија Ристевска Петрушева. 

„Стаклена менажерија“ е претстава за комплексите, несигурноста и суровоста на современиот човек, кој сосема ја загубил солидарноста и сочувството кон послабиот. Во ова време на либерален капитализам, хуманоста полека исчезнува. Стаклена менажерија е емоционално патување низ комплексноста на семејните односи. Претставата е болен крик за големата неспособност на човекот да љуби“ –  вели Софија Ристевска Петрушева.

Во оваа претстава играат:Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ Тодороска, Филип Кипровски
Билетите чинат 200 денари, а билетарата на театарот работи секој ден од 10:00 до 20:00 ч.

Strugaonline

 

Facebook Коментари