Промоција на песна посветена на легендарниот DJ Славе Келешоски во сабота во Струга

- Забава, Локални
1048

,Ди џеј Crazy Славе наш” е насловот на песната посветена на легендарниот Ди џеј Crazy Славе што на 3-ти август ќе биде промовирана на ,,Пливалиште“ во Струга.

Присутните ќе имаат можност да ја слушнат оваа песна во изведба на Мето Ди Флеш, Фичо и Ди џеј Славе и да го погледнат видео спотот што ќе биде пуштен точно на полноќ.

Оваа песна посветена на  Славе Келешовски, кој  важи за еден од најпознатите македонски Dj-и, е авторско дело на Мето Ди Флеш и Миодраг Врчаковски врз база на музиката од Die Fantastischen Vier.

Придружите вокали ги пеат Анастасија, Доно и Давид.

Ди џеј сет, жива свирка и видео промоција се најава за супер жешка журка сабота вечер на Пливалиште.

Strugaonline

 

Facebook Коментари